[sliderpro id=”1″]

Бидете самоуверени.
Бидете информирани.

Треба да научите многу, доколку размислувате да направите операција за реконструкција или замена на дојка. Намената на оваа веб страна е токму тоа- да ви помогне да научите повеќе пред да започнете со овој важен процес. Овде можете да најдете важни информации за самата операција, за најновите импланти за дојка на Ментор… и многу повеќе.

Последниве 25 години Ментор е компанија која е призната во целиот свет како водечки производител на најквалитетни импланти за дојки. Ви нудиме два типа: импланти исполнети со гел и импланти исполнети со физиолошки раствор..

 

Нашата богата историја е исполнета со водечки потези во индустријата, иновативни дизајни на производи и напредни истражувања. Ментор е производител на најмодерни протези за реконструкција на дојки одобрени од Администрацијата за храна и лекови од САД (FDA) и ја имаат ознаката (CE).

Постојат голем број на можности кога станува збор за процесот на реконструкција на дојка. Можеби најбитното прашање е: Дали реконструкцијата на дојка е правиот избор за Вас? Десетици илјади жени кои го победиле ракот одговориле со: Да.
Денес, поголем дел од жените кои имале мастектомија се добри кандидати за реконструкција на дојка.

Жените по мастектомија, можат да се одлучат за реконструкција на дојка од различни причини.

Некои жени не се чувствуваат комплетни, или пак доволно женствени. Други, пак, не сакаат да носат надворешна градна протеза. Многу жени сметаат дека реконструкцијата на дојка е добар начин да се чувствуваат подобро во своето тело и да направат нов почеток во својот живот.

Според едно истражување направено во Италија, реконструкцијата на дојка има позитивни придобивки за психолошкото здравје на жените со рак на дојка. Исто така жените имаат и подобар квалитет на живот.


S. Bellino et al “Quality of Life of Patients Who Undergo Breast Reconstruction after Mastectomy: Effects of Personality Characteristics”, PRSJournal, Volume 127, Number 1