Анатомија
на дојката
Дојката се состои од млечни канали и жлезди опкружени со масно ткиво кое и` дава облик и текстура. Големиот граден мускул се наоѓа веднаш под дојката. Многу фактори, како што се бременоста (кога млечните жлезди се привремено зголемени), наглото губење на тежина и самата сила на гравитација како што старееме, доведуват до растегнување на кожата, што пак може да доведе до спуштање или олабавување на самата дојка.
Операцијата на рак на дојка може помалку или повеќе, да го промени обликот на дојката, во зависност од:
- Колку од ткивото на дојката е извадено при делумна или целосна мастектомија;
- Колку од кожата е отстранета за време на операцијата
- Каква е реакцијата на ткивото или колку лузни има во остатокот од дојката и кожата како последица на хемотерапија или терапија со зрачење.

Основни факти за ракот на дојка
Едноставно кажано, ракот на дојката е неконтролиран раст на клетките во дојката. Ракот на дојка е заболување каде малигни клетки се создаваат во ткивото на дојката. Ракот се разликува според индивидуата, возрасната група и според видот на клетки во самиот тумор
Ракот се јавува како резултат на мутации,или абнормални промени, во гените кои се одговорни за регулирање на растот на клетките и за одржување на нивната “здрава” состојба. Гените се наоѓаат во јадрата на секоја клетка, кои функционираат како контролна соба. Во нормални услови, клетките во нашето тело се заменувааат една со друга преку уреден процес на раст на клетките: здравите клетки ги заменуваат оние кои се стари и кои изумираат. Но, со текот на времето, мутациите можат да активираат одредени и деактивираат други гени во клетката. Така променетата клетка станува способна да се дели без контрола или ред, и на тој начин да произведе многу клетки исти како неа и да создаде тумор
Според Институтот за истражување на геномите од САД, процентот на наследниот рак на дојка се движи од 5-10% до 27%. Сепак, наследниот рак на дојка предизвикан од мутиран ген кој се пренесува од родител на дете е редок. Во најголем број на случаи, околу 90%, ракот на дојка е последица нa генетски мутации кои настануваат како резултат на процесот на стареење или од стрес.*
*Source: National Human Genome Research Institute
Дали знаете дека сите тумори не се канцерозни?
Туморите може да бидат бенигни (не се опасни) или малигни (кои можат да бидат опасни). Бенигните тумори не се сметаат за канцерозни: нивните клетки се многу слични на нормалните клетки по изгледот, тие растат бавно и не ги зафаќаат соседните ткива или не се шират на други делови од организмот. Малигните тумори се канцерозни.
Терминот рак на дојка се однесува на малиген тумор кој се создал од клетките на дојката.

Стадиум на рак на дојка
- Стадиумот на ракот – означен со бројка од 1-4 – се базира на големината на туморот и дали истиот се проширил до лимфните јазли..
- За да се одреди Вашиот стадиум на рак, Вашиот хирург ќе Ви постави прашања во врска со Вашата медицинска историја, ќе направи детален физички преглед и ќе ги провери сите претходни испитувања, како и резулатите од биопсијата на туморот или суспектниот дел.
- Можно е да се потребни и дополнителни испитувања, како рентген снимка и крвна анализа. Во принцип, стадиумот не може точно да се одреди сé до операцијата кога се отстранува туморот од дојката и се зема примерок од лимфните јазли под пазувите.
- Одредување на стадиумот на ракот на дојката е сложено, а системот на класификација понекогаш се менува како што докторите дознаваат сé повеќе за самиот рак на дојка.
Стадиуми 0 – 4: Што значат?
Откако е направена операција, Вашиот хирург може да го одреди стадиумот на Вашиот рак. Стадиумите на ракот на дојка варираат од 0 до 4, со многу поткатегории. Пониските броеви означуваат поран стадиум на рак, додека повисоките бројки укажуваат на понапреден стадиум на рак.
Стадиум 0
Овој стадиум означува неинвазивен рак на дојка, кој не се проширил низ дојката или до други делови од телото.
Стадиум 1
Овој стадиум е ран стадиум на инвазивен рак на дојка во кој:
• Туморот е со големина помала од 2 см во дијаметар
• Лимфните јазли не се зафатени – ракот не се проширил надвор од дојката
Стадуим 2
Овој стадиум, поделен во подстадиуми 2А и 2Б, се однесува на рак на дојка каде што:
• Туморот е со големина помал од 2 см, но се проширил до лимфните јазли под пазувите
• Не е пронајден тумор во дојката, но пронајден е тумор во аксиларните лимфни јазли
• Туморот е со големина помеѓу 2-5 см и може се проширил до лимфните јазли под пазувите
• Туморот е поголем од 5 см, но не се проширил до лимфните јазли.
Стадиум 3
Стадуимот 3 од ракот на дојка е поделен во три поткатегории – 3А, 3Б и 3Ц – на основа на неколку различни критериуми. По дефиниција, ракот од стадиумот 3 не се проширил (не метастазирал) на подалечни делови.
На пример, ракот од стадиум 3А е поголем од 5 см и се проширил на еден до три лимфни јазли под пазувите. Стадиум 3А може значи дека ракот е со било која големина, но е проширен до повеќе лимфни јазли. Лимфните јазли се спојуваат еден со друг или со околното ткиво.
Кај ракот со стадиум 3Б, туморот е со било која големина и се проширил до ткивата блиску до дојката – кожата и градните мускули – и можеби се проширил до лимфните јазли во дојката или под пазувите. Овој стадиум исто така го опфаќа воспалителниот рак на дојка, редок но агресивен вид на рак на дојка.
Ракот со стадиум 3Ц е тумор со било која големина кој се раширил:
• До 10 или повеќе лимфни јазли под пазувата
• До лимфните јазли над или под клучната коска или блиску до вратот
До лимфните јазли во самата дојка и до лимфните јазли под пазувата
Стадиум 4
Ракот со стадиум 4 се проширил до други, подалечни органи на телото, како на пр. белите дробови, црниот дроб, коските или мозокот.
ШТО Е МАСТЕКТОМИЈА?
Мастектомија е хируршка процедура кога се отстранува ткивото на дојката заради постоење на канцерозна или предканцерозна маса. Количината на ткивото кое се отстранува за време на мастектомијата не е секогаш исто, тоа зависи од големината и стадиумот на Вашиот рак, обликот на Вашето тело и Вашите лични желби
Во зависност од стадиумот на ракот и состојбата на пациентот, може да се изведе мастектомија во која се зачувува брадавицата и ареолата и повеќето од кожата на дојката.
Оваа процедура опфаќа отстранување на канцерозното ткиво низ мал рез обично околу ареолата на брадавицата од дојката. Хирургот ја остава кожата, создава џеб кој веднаш се полни со граден имлант или со ткиво замено од друг дел од телото на пациентката.

КОГА СЕ ПРАВИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА?
Бесплатни консултации
Реконструкцијата на дојка може да се направи за време на самата мастектомија. Ова се нарекува директна реконструкција. Или може да се изведе неколку недели, месеци или дури и години после мастектомијата. Ова се нарекува одложена реконструкција. Во зависност од времетраењето на лекувањето и вашите лични околности, Вие и Вашиот хирург можете да одлучите која од овие две методи е подобра за Вас.
Директна реконструкција
Предноста на директната реконструкција е тоа што Вашата дојка ќе се реконструира за време на мастектомијата. На тој начин, Вие подлегнувате на само една операција и поминувате низ само еден период на опоравување. Тоа значи дека ќе го избегнете искуството да имате само една дојка или да немате дојки.
Одложена реконструкција
Предноста на оваа реконструкција е тоа што Ви овозможува прво да се фокусирате на Вашето опоравување од лекувањето. Одложувањето на реконструкцијата на дојка исто така Ви дава повеќе време да ги испитате Вашите опции и да донесете одлука за реконструкцијата на дојка.