Методи за реконструкција
на дојка

Постојат различни методи на реконструкција на Вашата дојка. Методот кој ќе го изберете Вие и Ваштиот хирург ќе зависи од повеќе фактори, како што се:

– Вашето здравје и животен стил
– Обликот на Вашето тело
– Големината на Вашите дојки
– Вашиот личен избор
– Количината на остатокот од кожа и ткиво

Реконструкцијата на дојка може да се изведе со користење на ткиво од Вашето тело, со импланти за дојка или со комбинација од Вашето ткиво и имплант.

TRAM -флап

Друг начин за реконструкција на дојка со користење на сопствено ткиво се нарекува TRAM-флапp. Оваа процедура опфаќа отстранување на масно ткиво и мускул од абдоминалниот дел на телото и поставување на истите на градниот дел на телото за да се реконструира Вашата дојка. Понекогаш може да се зачува крвотокот и крвната поврзаност со абдоминалниот дел. Кога тоа не е можно, крвните садови од абдоминалното ткиво мора да се поврзат со делот од градниот кош преку микрохируршки зафат.

      1. Се означува местото од каде се зема дел од ткивото.
      2. Се изведува мастектомија. Кожата, масното ткиво, мускулите и крвните садови се отстрануваат од абдоминалниот дел.
      • ТRAM-флап со петелка: Абдоминалната кожа, масно ткиво, мускули и крвни садови се пренесуваат преку отвор (тунел) под кожата до градниот дел за да се изгради ткивото на дојката. Крвните садови остануваат споени со ткивото на долниот дел на абдоменот.
      • Слободен флап: Абдоминалната кожа, масно ткиво, мускули и крвни садови се отстрануваат од абдоминалниот дел и се спојуваат во градниот дел за да се формира ткивото на дојката. Крвните садови се спојуваат во градниот дел преку микрохируршки зафат.
      1. Краен резултат.

Пример: Реконструкција со TRAM-флап

Фотографија: Д-р Лорен Есканази

Сан Франциско, Калифорнија, САД

DIEP флап

Уште еден начин за реконструирање на дојката со Вашето сопствено ткиво се нарекува DIEP флап (длабок инфериорен епигастричен перфоратор). Овој метод е сличен со методот ТРАМ, со таа разлика што тука нема отстранување на мускули, туку само кожа, а крвните садови се отстрануваат од абдоминалниот дел.

 

Разговарајте со Вашиот хирург за сите опции и така ќе можете да донесете одлука која е најдобра за Вас.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА СО ИМПЛАНТИ

За време на мастектомијата,хирургот отстранува кожа и ткиво од дојката, и со тоа ткивата на градниот дел се рамни и затегнати. Пред да може да се вгради долготраен имплант, ткивото на дојката треба да се растегне за да се создаде простор за имплантот. Овој процес се нарекува експанзија (проширување) на ткивото и истиот може да се изведе во две фази или во една фаза.

Двофазна реконструкција на дојка

Двофазната реконструкција на дојка со импланти е многу популарна опција. Оваа процедура може да се изведе или за време на мастектомијата или подоцна (одложено).

Како се изведува
Прва фаза:

Се поставува привремен експандер/проширувач на ткивото на дојката во градниот дел. Во текот на неколку недели, Вашиот доктор постепено го полни експандерот со физиолошки раствор, што е сличен на солена вода. За време на овој процес, Вашата кожа постепено ќе се растегнува и ќе се зголемува со што ќе се направи место за имплантот. Вашето тело постепено ќе се прилагодува на растењето на имплантот на ист начин како што женското тело се прилагодува на постепеното растење на стомакот за време на бременост.

Прва фаза Реконструкција во две фази со користење на MENTOR® ткивен експандер.
Photos: Courtesy of Dr. Gary Talbot,
Little Rock, Arkansas, USA

Втора фаза:

Откако ќе се создаде простор (џеб) со облик на дојка, експандерот на ткиво се отстранува и се поставува имплантот. Кога реконструкцијата следи после мастектомија, имплантот најчесто се поставува субмускулно. Операцијата во која се заменува експандерот со имплант (замена на имплант) обично се изведува под општа анестезија во операциона сала. Можно е да е потребна кратка хоспитализација или целата процедура да се води на база на дневна болница.

Процедура за реконструкција со импланти BECKER™

Реконструкција на дојка во една фаза

Ментор е една од ретките компании кои произведуваат импланти за дојка кои можат да се користат и како експандери на ткиво и како долготрајни импланти за дојка. Овие импланти се користат кај еднофазната реконструкција на дојка. Оваа процедура станува сé попопуларна кај хирурзите бидејќи подразбира пациентите да се подложат само на една операција за реконструкција на дојка, наместо на две или повеќе.

Реконструкција на дојка со експандер за дојка
Photos: Courtesy of Dr. Kay Young,
San Francisco, California, USA

Како се изведува

Комбиниран експандер/имплант се поставува во градниот дел за време на мастектомијата. Овој имплант има мало цевче и купола кои се поставуваат блиску до имплантот. Во текот на неколку недели или месеци, физиолошки раствор се инјектира преку цевчето и на тој начин имплантот се зголемува и ткивото расте. Кога ќе се постигне посакуваната големина, цевчето и отворот се отстрануваат во едноставна амбулантска процедура, а имплантот останува на местото.

ЗА ИМПЛАНТИТЕ ЗА ДОЈКА

За компанијата

Како компанија сме горди на квалитетот кој е вграден во нашите импланти за дојка. Можете да бидете сигурни дека зад Вашата одлука да ги користите нашите производи е компанија која ги разбира Вашите потреби и која навистина се грижи за своите клиенти.

За имплантот

Имплантот за дојка е торбичка/кесичка направена од еластичен силиконски материјал сличен на гума, наполнета со силиконски гел или физиолошки раствор, која хируршки се вметнува под ткивото на дојката или под градниот мускул. Ментор произведува два основни видови импланти: импланти полнети со гел и импланти полнети со физиолошки раствор.

MENTOR® Gel – импланти полнети со гел

Карактеристика на овие импланти е нивниот единствен кохезивен гел. Овој гел со кој е исполнет имплантот има повеќе карактеристики на цврст материјал отколку на течен. Тој има фиксна форма, но истовремено ја задржува природната еластичност која наликува на природната дојка. Овие импланти со гел обично нудат поприроден изглед и чувство. Имплантите MemoryGelTM се достапни во повеќе облици, големини, профили, површински структури и степени на кохезија за да одговара на различни видови на конструкции.

Облици и големини
на импланти

Во зависност од тоа кој облик би сакале да го имате, Вие и Вашиот хирург можете да изберете помеѓу кружен или анатомски облик.

Имплантите со гел со анатомски облик CONTOUR PROFILE™ Gel (or CPG™)

Овие импланти им овозможуваат на пациентките поприроден изглед и чувство.

Имплантите се мерат во кубни сантиметри, а не во големини како кај градниците. Големината на имплантот кој ќе се користи зависи од големината и обликот на градниот кош на жената.

Вашиот хирург исто така ќе ја процени Вашата друга дојка и кожата на ткивото за да одреди дали имате доволно кожа за да се покрие имплантот за кој размислувате. Ако Ви се допаѓа имплант со големина која е преголема за Вашето ткиво, Вашиот хирург може да Ве предупреди дека после опреација, рабовите на имплантот може да се видливи или да се чувствуваат на допир. Исто така, преголемите градни импланти можат да го забрзат ефектот на гравитација на самата дојка, што може да доведе до нивно спуштање или спласнување во текот на животот.

Еден понова студија посочува дека поголемите импланти (поголеми од 350 кубни сантиметри) можат да се преголеми за повеќето жени и можат да го зголемат ризикот од развивање на компликации, како на пр. исфрлање (на имплантот), хематом (крвен подлив), инфекција, чувствување на наборите на имплантот на допир и појава на видливи набори на кожата. За да се корегираат сите овие компликации ќе биде потребна хируршка интервенција. (2)

(2)Henriksen, T.F., et al. 2005. Surgical intervention and capsular contracture after breast augmentation: a prospective study of risk factors. Ann. Plast. Surg. 54(4): 343-51.

Профили на имплантите

Освен големината и обликот, имплантите се достапни во различни профили (кои се однесуваат на степенот на испакнување од градниот кош). Општо земено, доколку сакате дојки со поголема големина, Вашиот хирург ќе постави поголем имплант. Во зависност од профилот кој сакате да го постигнете, Вие и Вашиот хирург можете да изберете помеѓу кружен и анатомски профил.

Површина на имплантот

Имплантите се достапни со мазна и со текстурна површина. Ментор Ви нуди импланти со тектурна површина SILTEX™ Texture. Заедно со Вашиот хирург, можете да одлучите кој облик, големина, профил и површина се најдобриот избор за Вас.

Кохезивни, секогаш™

Сите импланти наполнети со гел MENTOR® Memory Gel™на Ментор користат гел кој е кохезивен, безбеден и естетски прифатлив. Ви нудиме три степени на кохезивен материјал, од помек до поцврст:

– Кохезивен материјал I – гел кој е најмек на допир
– Кохезивен материјал II – гел кој е малку поцврст
– Кохезивен материјал III – најцврстиот гел на на Ментор

1. SILTEX™ Round Memory Gel™ Breast Implant

Овие импланти се наполнети со најкохезивниот гел, кохезивен материјал III, за да се задржи нивниот природен облик.
3. CONTOUR PROFILE™ Gel (CPG™) Breast Implant Cohesive III™

Импланти за дојка на MENTOR®

Ментор има повеќе од 25 години традиција во естетика на дојки. Долгогодишното искуство резултира со безбедни производи кои се користат за зголемување, и за реконструкција на дојки. Со своите продукти произведени под строги стандарди на дизајн и проверка, компанијата Ментор има заслужено ниво на почит во медицинските кругови и е признаен од докторите поради своите инзвонредни производи.

• MENTOR® MemoryGel™ Имплантите за дојки со гел кои се продаваат во САД се одобрени од Администрацијата за храна и лекови од САД (FDA).

• Во јуни 2011 година, 5 години по одобрувањето, Администрцијата за храна и лекови (FDA) продолжи да ја поддржува безбедноста и ефективноста на овие импланти кои се користеа за својата намена.

Според резултатите добиени во 2011 година, Администрцијата за храна и лекови (FDA) исто така посочи дека досегашните студии не ги поврзуваат имплантите со силиконски гел со појава на рак на дојка, репродуктивни проблеми или заболувања на сврзното ткиво, како што е ревматоидниот артрит.(3)

• Сите импланти на Ментор се покриени со Полисата на Ментор за доживотна замена.(4)

• Сите импланти на Ментор со силиконски гел се покриени со ограничената гаранција на PatientSafe Coverage или на PatientCare Promise.


Имплантите на Ментор кои се продаваат во земјите на EMEA (Европа, Среден Исток и Африка) ја имаат ознаката за Европска сообразност (CE). Ментор е првиот производител на импланти за дојки кој се стекна со ознаката CE.

* In case of eligibility, depending on the date of surgery, the implant will fall under one of the above warranties.

3. FDA Consumer Health Information. Silicone Gel-filled Breast Implants: Updated Safety Information. June 2011. Breast Implants. Accessed August 15, 2014
4. Patients may also obtain a copy of the warranties by writing to: Mentor Medical Systems BV, Zernikedreef 2, 2333 CL, Leiden – The Netherlands. Phone +31-71-7513600

MENTOR® Ткивни експандери на Ментор

CPX™ Breast Tissue Expanders

Ткивниот експандер на Ментор (CPX) се користи во двофазната реконструкција на дојки за да ја прошири кожата и да создаде џеб за вградување на имплантот. Овој производ е дизајниран да се користи за проширување првенствено во долниот дел на дојката, така што имплантот се вградува во создадениот џеб и се добива форма слична на целосно развиена дојка. Исто така, овој експандер има вградена купола во која Вашиот доктор може да вбризгува физиолошки раствор и на тој начин постепено да го растегнува ткивото на дојката во текот на неколку месеци. Ова проширување најчесто се изведува во амбулантски услови.

За некои пациенти, секундарната операција за замена на експандерот со имплант може да се избегне со користење на имплант кој е постоперативно прилагодлив, или е комбинација на експандер и имлант. Во едноставна амбулантска процедура после Вашата операција, количината на течност во постоперативниот прилагодлив имплант може да се зголемува или намалува. Ова ќе Ви помогне да ја постигнете крајната големина на дојка која ја посакувате.

SILTEX™ BECKER™ Експандер-имплант

Овој експандер-имплант е единствениот производ со гел кој Ви ја овозможува еднофазна или двофазна реконструкција на дојка. Овие единствени производи имаат внатрешен отвор кој содржи физиолошки раствор и кој дозволува проширување на ткивото, но и надворешен простор исполнет со гел кој е дизајниран за да даде чувство на имплант кој е мек на допир.

Експандерите-имплантите BECKERTM се технолошки новитети во поглед на тоа што му нудат на Вашиот хирург можност да постигне прецизен резултат во однос на големината, обликот и полнењето, без притоа да ја загрози природнaтa еластичност на силиконскиот гел.

ВАШЕТО ОПОРАВУВАЊЕ

Опоравувањето кај секоја жена е различно. Во принцип, неколку дена по операцијата ќе чувствувате болка. Во првите 24-72 часа ќе чувствувате непријатност. Вашите дојки ќе бидат отечени и тврди. Иако опоравувањето е различно кај секоја жена, една недела по операцијата ќе можете да продолжите со полесни активности.

Важен дел од вашето закрепнување е и носење на постопративен
градник со компресија. Овие градници се дизајнирани за да ви обезбедат дополнителна поддршка додека трае закрепнувањето. Вашиот доктор исто така може да ви предложи дополнителни работи кои треба да ги следите додека закрепнувате. Доколку имате проблеми по операцијата, веднаш контактирајте го вашиот хирург.

НЕСПОРЕДЛИВА ЗАШТИТА

Најопсежен план за заштита достапен на пазарот (1)

Само со имплантите за дојка од Ментор

МЕНТОР Е ДОЛГОРОЧНО ПОСВЕТЕН НА ВАШАТА БЛАГОСОСТОЈБА

Тука сме да одговориме на сите Ваши прашања пред операцијата и најважното,

со Вас сме и по завршување на истата, со долгорочна посветеност на Вашето

физичко здравје.

Без разлика дали сакате да изгледате или да се чувствувате подобро, сознанието дека Вашиот хирург избрал висококвалитетни импланти Ви дава чувство на сигурност долго по Вашата операција.

Повеќе од 30 години Mentor е избор на милиони жени ширум светот, како светски лидер во производство на висококвалитетни импланти за дојка.

Нашите достигнувања во доменот на квалитетот и иновациите ни овозможуваат перформанси над индустриските стандарди со најопсежниот

план за заштита достапен на пазарот1 —MENTORPromise.

 

* Во случај на потврдена руптура или дефлација (протекување) на било кој имплант за дојка MENTOR поради оштетување или деламинација, за што е потребна хируршка интервенција, без оглед на староста на имплантот, Mentor ќе обезбеди бесплатна замена со имплант во било која големина, од ист или сличен вид како претходно имплантираниот производ.

** Доколку е потребна операција за замена на имплантот за дојка MENTOR исполнет со гел, заради потврдена руптура во период од (10) години од датумот на вградување на имплантот, под услов идикацијата за операција да е докажана и потврдена од страна на Ментор на основа на проценка, Ментор ќе ги плати неосигураните готовински трошоци за операциона сала, анестезија и/или хируршките трошоци непосредно поврзани со операција на замена, во максимален вкупен износ до 1000 EUR. Трошоците за операциона сала и анестезија ќе се сметаат како приоритет за плаќање. Во таквите случаи барањето за финансиска помош во склоп на Планот за заштита MentorPromise мора да се поднесе до Вашиот хирург. Финансиската помош не подразбира давање на заем.

*** Во случаи на капсуларна контрактура (Baker III/IV), двојна капсула или доцен стадиум на сером кај операции за зголемување со импланти за дојки Mentor исполнет со гел, Ментор ќе овозможи бесплатна замена на имплантот MENTOR исполнет со гел, во период од десет (10) години од датумот на вградување на имплантот, под услов индикацијата за операција да е докажана и потврдена од страна на Ментор врз основа на проценка на извадениот производ, и потребната документација. Ментор ќе обезбеди замена на имплантот во било која големина, од истиот или сличен вид, како и оригинално вградениот производ.

РЕФЕРЕНЦИ

Врз основа на споредба на гаранциите на следните импланти за дојки:

Allergan Natrelle

EuroSilicone & Nagor

Arion

Polytech

Motiva

Sebbin: Garantie des IMPLANTS MAMMAIRES and La garantie premium, Accessed March 2017

 

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Колекцијата импланти од MENTOR® се наменети за зголемување на дојките – кај жени кои имаат најмалку 22 години за имплантите MENTOR® MemoryGel, и најмалку 18 години за MENTOR® Saline Breast Implants. Операција на дојка не смее да се изведува кај: жени со активна инфекција во телото, жените кои имаат канцер или предканцерогена состојба на дојките и немаат добиено соодветен третман за овие состојби, жени кои се бремени или дојат.
Постојат ризици поврзани со операција за зголемување на дојките. Треба да бидете свесни дека имплантите не се доживотни и може да има потреба од дополнителни интервенции. Можеби ќе бидат потребни дополнителни хируршки интервенции поради компликации или ако не е постигнат посакуваниот козметички ефект. Многу промените во вашата дојка по имплантација се неповратни (не може да се корегираат) а имплантите може да влијаат на вашата лактација и доење.

Најчести компликации при зголемување на дојките со имплантите MemoryGel се повторна операција, капсуларна контрактура, промени во чувствителноста на брадавиците, отстранување на имплантот со или без замена и птоза. Една од компликациите со помал ризик е руптура (кинење) на имплантот, која најчесто се случува без Вие и Вашиот доктор да забележите. Последиците по здравјето од пукнат имплант не се во потполност докажани.
Магнетна резонанца се препорачува да се прави една годишно во период од три години по операцијата, а потоа на секои две години со цел да се открие руптура.
Најчеста компликација од MENTOR имплантите за дојка полнети со физиолошки раствор вклучуваат: повторна операција, отстранување на имплантот, капсуларна контрактура, набори, асиметрија или болки во дојките.

Пациентите се потсетуваат да разговараат за нивните индикации, контраиндикации, предупредувања, мерки на претпазливост и ризици корисни придобивки поврзани со MENTOR®имплантите со нивниот хирург и да ги разгледаат Важните информации за безбедноста на
http://www.mentorwwllc.eu

Важно е пациентите да ги разберат ризиците поврзани со хируршката интервенција на дојката при разгледување на MENTOR® имплантите.
THIS IS A LIMITED WARRANTY ONLY AND IS SUBJECT TO THE TERMS AND CONDITIONS SET FORTH IN THIS DOCUMENT. ALL OTHER WARRANTIES, WHETHER EXPRESS OR IMPLIED, BY OPERATION OF LAW OR OTHERWISE, INCLUDING BUT NOT LIMITED TO, IMPLIED WARRANTIES OF MERCHANTABILITY AND FITNESS ARE EXCLUDED, TO THE EXTENT PERMITTED BY LOCAL LAWS. MENTOR SHALL NOT BE LIABLE FOR ANY INCIDENTAL, INDIRECT, CONSEQUENTIAL OR SPECIAL LOSS, DAMAGE, OR EXPENSE ARISING DIRECTLY OR INDIRECTLY FROM THE USE OF THESE PRODUCTS. TO THE EXTENT PERMITTED BY LAW MENTOR NEITHER ASSUMES, NOR AUTHORIZES ANY OTHER PERSON TO ASSUME FOR IT, ANY OTHER OR ADDITIONAL LIABILITY OR RESPONSIBILITY IN CONNECTION WITH THESE PRODUCTS. MENTOR DOES NOT WARRANT OR OTHERWISE ASSUME LIABILITY FOR MENTOR PRODUCTS THAT HAVE NOT BEEN PROCURED DIRECTLY FROM MENTOR BY THE TREATING PHYSICIAN (OR THEIR AUTHORIZED
BUYING AGENT).

© Mentor Worldwide LLC 2017 070354-170403