РЕЧНИК

 

Аспирација:
Извлекување на течност од телото по пат на вшмукување.

BECKER™:
BECKER™ Експандер/Имплант е единстевниот имплант со гел кој дава опција за еднофазна или двофазна реконструкција. Овој уникатен производ има внатрешен лумен кој содржи физиолошки раствор кој дозволува експанзија на ткиво и надворешен лумен со гел кој е дизајниран да обезбеди мекост на имплантот. Далечинскиот вбризгувач овозможува едноставно прилагодување на волуменот и лесно може да се отстрани кога експанзијата е зваршена.

Биокомпатиблен: Биолошки компатибилен со тоа што не предизвикува токсичен одговор во живото ткиво.

Имплант за дојка: Мека, силиконска обвивка со различни полнења која може да биде поставена во телото со цел да симулира ткиво на дојка.

Реконструкција на дојка: Хируршка процедура која обновува отстранета дојка.

Капсуларна контрактура: Затегнување на ткивото на лузната околу имплантот.

CPG™: MENTOR® CONTOUR PROFILE™ гел имплант за дојка.

Одложена реконструкција: Реконструкција на дојка која се изведува недели, месеци или години после мастектомија.

DIEP Flap: Вид на реконструкција на дојка со кој крвните садови наречени Deep Inferior Epigastric Perforators (DIEP), кожата и масното ткиво поврзано со нив се отстрануваат од долниот дел на абдоменот и се трансферираат на градите со цел да се реконструира дојка после мастектомија без да се жртвува некој од абдоминалните мускули. DIEP флап е сличен на слободниот мускуло поштедниот TRAM флап но бара само отстранување на кожа и масно ткиво.

Envelope: Надворешна обвивка на имплантот која го чува внатрешното полнење, го затвора.

Expander/Mammary Implant: Имплант за дојка кој исто се однесува како ткивен експандер, но потоа останува како имплант за дојка

Fibrous Tissues: Сврзно ткиво составено главно од влакна.

Flap: Дел од ткиво, кое може да вклучува мускул, масти и кожа, снабдено со крв, преместено од еден до друг дел на телото.

Flap Reconstruction: Обновување на отстранетата дојка со користење на флап за да се формира дојка.

Glandular: Се однесува на жлезда.

Hemorrhage: Aбнормално внатрешно или надворешно крварење.

Immediate Reconstruction: Реконструкција на дојка која се изведува во ист акт со хируршката процедура мастектомија.

Inpatient Surgery: Хируршка процедура во која пациентот треба да остане преку ноќ во болница.

Latissimus Dorsi Flap Reconstruction: Реконструкција на дојка во која се користи сопственото ткиво на пациентот трансферирано од мускулот latissimus dorsi muscle, лоциран на грбот, за да се формира дојка.

Lumpectomy: Хируршко отстранување на канцерогениот тумор заедно со мал дел на околното ткиво.

Lymph Nodes: Структури на лимфниот систем кои имаат улога на филтер, ловејќи бактерии и канцерогени клетки, што има придонес во имуниот систем на телото.

Mastectomy: Отстранување на ткивото на дојката заради присуство на канцероген или предканцероген израсток.

Mastopexy: Подигнување на дојката за затегнување на дојката со отстранување на кожа која по сила на гравитацијата и ефектот на стареење виси.

MemoryGel™ Breast Implants: MENTOR® Имплант за дојка полнет со гел.

Milk Ducts: Канали низ кои поминува излаченото млеко.

Nipple/Areola Sparing Mastectomy: Помалку радикален тип на мастектомија во кој се поштедува делот со брадавката.

Opaque: Нетранспарентен, непробоен за светлосни зраци и x-зраци.

Outpatient Surgery: Хируршка процедура во која пациентот не треба да лежи во болница

Pectoralis Major: Мускул кој се наоѓа во горниот дел од градите кој обезбедува поддршка на дојките и е потребен за движење на раката.

Postoperatively Adjustable Implant: Имплант кој овозможува прилагодување на волументо после имплантацијата, со специфициран ранг.

Prosthesis: Вештачки дел од телото.

Ptosis: Виснување на дојките обично е резултат на стареење и силата на гравитација или промени предизвикани од бременост или губење на тежина.

Skin Sparing Mastectomy: Помалку радикален тип на мастектомија во кој дел од кожата на дојката може да биде сочуван.

Radical Mastectomy: Отстранување на дојката, мускулот под дојката и лимфните јалзи под пазувата.

Saline: Раствор кој е составен од вода и мала количина на сол. Приближно 71% од тежината на возрасен човек се сотои од овој солен раствор.

Sensory Nerves: Нерви кои ги пренесуваат импулсите од сензорните рецептори до мозокот или `рбетниот мозок.

Sepsis: Присуство на различни микроорганизми, нивните отровни продукти од нивните токсини во крвта или ткивото.

Silicone: Материјал кој е широко употребуван во медицинските импланти, сотавен примарно од силикон,карбон, хидроген и оксиген.

Silicone Gel: Силикон произведен во полуцврста, полутечна состојба, кој се користи како полнење за имплантите за дојки, слични по конзистенција на нормална дојка.

SILTEX™ Texture: MENTOR® Tекстурирана површина на имплантот за дојка.

Thrombosis: Формирање на крвен тромб.

Tissue Expander: Прилагодлив имплант кој може да се зголемува со физиолошки раствор за да се експандира ткиво до делот каде е направена мастектомија.

Tram Flap Reconstruction: Реконструкција на дојка при која се користи сопствено ткиво долниот дел на абдоменот за да се формира дојка.